Dmitri Chirciu
09 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
МОСКВА (АА) - Во последните 24 часа во Русија се детектирани 21.798 новозаразени, што претставува највисока бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) досега. Вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот надмина 1.796.100, известува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенција на инфекцијата со коронавирус во Русија соопшти дека во последните 24 часа починале 256 лица заразени со Ковид-19, вкупно 30.793 досега, додека во истиот период оздравеле 10.722 пациенти, вкупно 1.335.141.
Во последните 24 часа утврдено е присуството на коронавирусот кај 21.798 лица, со што од почетокот на пандемијата досега вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.796.132.
- Во Москва над 475.000 лица позитивни на Ковид-19 -
Во последните 24 часа во Москва, бројот на заразени е поголем за 6.897 и изнесува 475.166. Во исто време, потврдени се 72 смртни случаи, вкупно 7.361.
Службата за јавно здравје и заштита на потрошувачите соопшти дека во изминатите 24 часа биле извршени 526.000 тестови, вкупно 65,2 милиони досега.
Првиот случај на инфекција во Русија е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март. На 4 ноември беа регистрирани 389 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, што е „највисока бројка на починати во еден ден“ досега во Русија.
Во Русија стапи во сила обврската за задолжително носење маски на јавни места, во возилата за јавен превоз, такси-возилата и во лифтовите, како дел од мерките преземени против Ковид-19. Во целата земја, освен во Москва, во периодот од 23:00 до 6:00 часот забранета е работата на центрите за забава, рестораните, ноќните клубови и кафулињата.