Islam Doğru
18 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 794 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 119.955 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 26.418 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.235.678.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 794 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 119.955.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 960.309 откриени случаи, Русија со 561.091 откриен случај, и Индија со 368.705 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Калифорнија.
Во Њујорк откриени се 406.367 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 31.046 лица.
Во САД досега се направени над 26 милиони и 252 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 918.000.