Esin Işık
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 29.140, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 30.177 тестирања за Ковид-19, од кои 2.357 лица сe позитивни на овој вирус.
Според тоа, во последните 24 часа починаа уште 99 лица како последица на оваа пандемија, а излекувни се уште 3.558 лица.
Во Турција се извршени вкупно 889.742 тестирања, откриени се вкупно 110.130 случаи, а починаа вкупно 2.805 лица поради Ковид-19.
Се нагласува дека 1.776 лица се наоѓаат на интензивна нега, бројот на интубирани пациенти изнесува 883, додека вкупно излекувани се 29.140 лица.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот Твитер профил ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Ако се земаат во предвид последните 20 дена, денес се регистрирани најмал број на случаи на дневна база. Исто така, продолжува падод во бројката на пациентите во интензивна нега“, напиша Коџа.