Buket Güven
04 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 179.492, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција, објавени на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес извршени се 48.248 тестирања за Ковид-19, од кои 1.154 лица се позитивни на вирусот.
Во последните 24 часа како последица на Ковид-19 починаа уште 20 лицa, а излекувани се уште 1.214 пациенти.
Во Турција досега извршени се вкупно 3.584.066 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 204.610 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа 5.206 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 1.093 лицa, од кои 378 се на кислородна поддршка, додека излекувани се вкупно 179.492 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на Твитер ги објави ажурираните податоци за состојбата со Ковид-19.
„Вкупниот број на пациенти кои оздравеа е речиси 180.000. Бројот на пациенти кои се во процес на закрепнување е околу 20.000. Бројот на пациенти на интензивна нега е зголемен. Текот на намалувањето на случаите е бавен. Денес бројката на оздравени пациенти е поголем за 60 од бројката на новозаразените“, нагласи министерот Коџа.