Doğa Kırmızıoğlu
13 Март 2020•Ажурирај: 14 Март 2020
АНКАРА (АА) - УЕФА донесе одлука да ги одложи натпреварите закажани за следната недела во Лигата на шампиони и во Лига Европа поради епидемијата на новиот тип коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го издаде УЕФА се вели дека земајќи го предвид забрзаното распространување на вирусот Ковид-19 во Европа, донесена е одлука за одложување на реванш-средбите од осминафиналето во Лигата на шампиони закажани за 17 и 18 март и на средбите од осминафиналето во Лига Европа закажани за 19 март.
Заедно со овие одложувања, одложени се и натпреварите во Младата лига на УЕФА и ждрепката закажана за 20 март, на која требаше да бидат излечени паровите од четвртфиналето во УЕФА Лигата на шампиони и во Лига Европа.
Датумот на овие натпревари дополнително ќе биде одреден.
УЕФА ги извести сите фудбалски федерации членки на организацијата и засегнати страни дека на 17 март ќе биде одржана видеоконференција во врска со донесувањето одлука поврзана со одржувањето на Европскиот фудбалски шампионат ЕВРО 2020.