Asiye Latife Yılmaz
07 Мај 2026•Ажурирај: 07 Мај 2026
Меѓународниот Шекспиров фестивал, кој се одржува од 2018 година во организација на Универзитетот „Сулејман Демирел“ во Турција во партнерство со Општина Испарта, доби значајно признание од Шекспировата асоцијација на Америка, јавува Анадолу.
Наградата за проектот е доделена во категоријата „Јавен придонес“, а првпат во 54-годишната историја на оваа асоцијација вакво признание добива проект надвор од САД.
Фестивалот, кој се одржува со поддршка на Дирекцијата за култура и туризам на Испарта, доби признание за своето културно и социјално влијание, како и за својот меѓународен опфат.
Годинашното шесто издание на настанот, кое се одржува од 4 до 18 мај во југозападните турски градови Испарта и Анталија, содржи театарски претстави, академски конференции, радиоемисии и интердисциплинарни активности.
И покрај тоа што е еден од најновите Шекспирови фестивали во светот, тој веќе стана член на Европската мрежа на Шекспирови фестивали (ЕСФН) со седиште во Полска, а во 2022 година беше акредитиран и од Европската асоцијација на Шекспирови фестивали.
На церемонијата за доделување на наградите во Денвер, Илкер Озчелик, член на организацискиот одбор на фестивалот, истакна дека ова признание е потврда за моќта на уметноста и литературата да ги обединуваат и да ги зближуваат луѓето.
Претседателот на Шекспировата асоцијација на Америка, Рубен Еспиноса, го опиша фестивалот како „модел достоен за глобално признание“, пофалувајќи ги неговиот меѓународен формат и широкото општествено влијание.