Admir Fazlagic
15 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) -Триесетина млади луѓе од Скопје и од другите градови од земјата преку проектот „Уметност и дизајн за застапување“ изработија 12 кампањи за застапување, користејќи уметнички и дизајнерски алатки за да ги испратат своите пораки во форма на графити, дела во стенсил техника (техника со шаблон), стикери, стрипови. Денеска тие ги цртааат делата од кампањите на sидовите на неколку фреквентни локации во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Горан Костовски, визуелен уметник и илустратор кој учествува во споменатиот проект, претставувајќи го проектот рече дека младите на овој начин сакаат да го свртат вниманието на есенцијалните општествени проблеми.
„Денес ги изработуваме кампањите коишто третираат подеднакви човекови и работнички права. Кампањата во врска со иселувањето коешто е сериозен проблем во нашето општество е насловена 'Кога ќе пораснам, сакам да останам во Македонија', додека во фокусот на втората кампања се проблемите на луѓето со инвалидна попреченост или какви било други проблеми. Третата кампања е наречена 'Сакам да живеам со Вас, не покрај Вас'“, рече Костовски.
Носител на проектот „Уметност и дизајн за застапување“ е Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа, Скопје. Општина Центар е партнер во проектот и ги обезбеди јавните локации за исцртување на делата од кампањите. Проектот се спроведува со грант на Амбасадата на САД во Република Македонија.