????? ????????
26 Октомври 2015•Ажурирај: 07 Ноември 2015
Во присуство на голем број гости се одржа промоцијата на романот “Улицата на спокојот“ (Huzur Sokagı) на турската писателка Суле Јуксел Сенлер, кој е преведен на босански јазик, јавува Anadolu Agency (AA).
Промоцијата е одржана во зградата на Амбасада на Република Турција во Сараево каде присуствуваше турскиот министер за култура и туризам Јалчин Топчу.
Промотори на романот беа книжевникот Хаџем Хајдаревиќ, професорката по книжевност Амра Пенева, проф. Д-р Фахра Фејзиќ-Ченгиќ и сопственикот на издавачката куќа “Добра книга”, Изедин Шикало.
"Улицата на мирот" e приказна за двајца млади луѓе чиишто различни животи се спојуваат во еден свет, а на тој пат и двајцата се наоѓаат пред разни искушенија.
Зборувајќи за промоцијата, турскиот министер кажа дека со помош на програмата ТЕДА издадени се околу 1500 дела од турската книжевност.