култура и уметност

Во Скопје се одржа гала концерт по повод Денот на Ромите

„Важно е политичкото учество на граѓаните Роми во донесувањето одлуки што се поврзани со унапредувањето на положбата на Ромите во Република Македонија", рече Заев

Besar Ademi  | 05.04.2018 - Обновена : 07.04.2018
Во Скопје се одржа гала концерт по повод Денот на Ромите (Foto: Besar Ademi/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - По повод 8 април, Меѓународен ден на Ромите, вечерва во Македонската опера и балет беше организиран гала концерт со цел да се претстави културното богатство на Ромите, а на концертот учествуваше и хорот на Македонската опера и балет, јавува Anadolu Agency (AA).

Гала концертот го организираше министерот без ресор Аксел Ахмедовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми ‎2014-2020 и пратеникот во Собранието на Република Македонија Самка Ибраимовски. На настанот присуствуваше премиерот на Република Македонија Зоран Заев, бројни министри во Владата на Република Македонија, претставници на Собранието, како и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.

„Овој ден не потсети на ромската историја, ромската култура и ромската традиција. Не смееме да ја заборавиме историјата и идентитетот на нашиот народ, без тие атрибути нема нација, нема народ", рече пратеникот Ибраимовски.

- Заев: Позитивниот модел на Македонија пример во регионот за решавање на прашањата на Ромите

Свое обраќање имаше и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев кој истакна дека Република Македонија е позитивен пример во регионот за решавање на приоритетните прашања на Ромите.

„Важно е политичкото учество на граѓаните Роми во донесувањето одлуки што се поврзани со унапредувањето на положбата на Ромите во Република Македонија. Овој позитивен модел во Република Македонија е пример во регионот за решавање на приоритетните прашања на граѓаните Роми ги ставивме во функција на ресурсите од централниот буџет и донаторските средства", рече Заев, повикувајќи ги граѓаните да ја подигнат свеста за потребите на Ромите во македонското општество.

- Ден на Ромите се одбележува од 1990 година

Денот официјално е прогласен 1990 година во Сеороцк во Полска, на местото каде се одржа четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата меѓународна средба на ромските претставници одржан во Челсфилд, во близина на Лондон од 7-12 април 1971 година. На тој конгрес донесена е одлука за ромската химна, за која е избрана песната Ѓелем, Ѓелем (ромски:Одев, одев) и одлуката за ромското знаме кое се состои од сина и зелена боја кои ги претставуваат небото и земјата. На средината на знамето се наоѓа тркало, црвена чакра, кое ја претставува миграцијата на Ромите.

Припадниците на ромската заедница се дел од Уставот на Македонија од 2001. година, признаени како посебна етничка заедница. Според пописот од 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население, додека некои невладини организации повикувајќи се на своите истражувања велат дека оваа бројка е поголема.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.