Aişe Hümeyra Bulovalı
04 Мај 2018•Ажурирај: 04 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Познатиот пејач и композитор од Босна и Херцеговина, Дино Мерлин, настапи пред истанбулската публика во рамките на 2. Зорлу ПСМ Џез фестивал, јавува Anadolu Agency (AA).
Освен турската публика, на концертот беше присутна и публика по потекло од Босна и Херцеговина, и другите земји од Балканот. Публиката го следеше Мерлин во текот на интерпретирањето на хитовите, од што можеше јасно да се види колку популарниот пејач и неговите песни се омилени и меѓу истанбулската публика.
Мерлин одржа концерт во траење од три часа, при што испеа голем број негови познати песни, меѓу кои „Недостајеш“, „Све је лаж“, „Шкољка“, „Супермен“ и „Кад си рекла да ме волиш“.
На настапот, босанскиот кантавтор Мерлин изрази задоволство и упати благодарност поради покажаниот интерес за неговиот концерт. „Ви благодарам што ме следевте во изведбите на моите песни", порача Мерлин.
Дино Мерлин во 1983 година ја основаше рок-групата „Мерлин“, чиј вокалист беше тој, а од 1991 година ја продолжи својата соло кариера. Тој три пати ја претставуваше Босна и Херцеговина на Евровизија.
Во рамките на неговата кариера Мерлин соработуваше во повеќе проекти со голем број познати уметници од регионот и светот, меѓу кои Кет Стивенс, Мустафа Сандал, Лутви Бошњак, Едо Жанки, Арјиндер, Гани Тамир, Кемпа Оркестра, Хусну Шенледиринци, како и Горан Бреговиќ.
Мерлин е композитор на првата химна на Босна и Херцеговина наречена „Једна си једина“, а моментално е претседател на Здружението на композитори на Босна и Херцеговина.