Mahmut Geldi
21 Декември 2015•Ажурирај: 24 Декември 2015
КАИРО (АА) - Гробницата на мајката на владетелот на Египет Тутанкамон, Маите, која се наоѓа во градот Луксор, во Египет, е отворена за домашни и странски посетители, јавува Anadolu Agency (АА).
Гробницата на мајката на египетскиот фараон Тутанкамон е откиена во 1996 година. Сепак, речиси две децении, не беше достапна за јавноста. На отворањето на гробницата присуствуваше и министерот за зачувување на историските градби на Египет. Министерството за зачувување на историските градби на Египет во ноември соопшти дека се вршат археолошки ископувања на гробници од периодот на Тутанкамон, фараонот којшто владеел до 18-та династија на Египет.
Поточно, за време на владеењето на Тутанкамон, кој ја врати старата религија и култот на Амон, по верските превирања на фараонот Ехнатон и неговиот обид за воведување на монотеизмот, биле подигнати на некои објекти во рамките на стариот храм на Амон во Луксор.
Како што дознава новинарот на АА од Махмуд Афифи, службеник во министерството, гробницата на мајката на фараонот се состои од коридор кој се протега до главниот салон, и од ходник кој води до областа каде што е погребано телото.