Enes Kaplan
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
ЗАГРЕБ (AA) - Во Загреб во среда свечано е отворен Културен центар Јунус Емре, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган кој го отвори Културниот центар Јунус Емре, во таа прилика го изрази задоволството што Центарот е отворен токму на денот кога се одбележува 100 години од институционален ислам во Хрватска.
"Мислаам дека отворањето на Културниот центар Јунус Емре во Загреб е многу важен настан. Убаво е што тоа се случи токму на денот кога се одбележува 100 години од институционален ислам во Хрватска", рече Ердоган.
Истакна дека Турција придава големо значење на јакнењето на културните односи со другите земји во светот.
"Турција се наоѓа на точка на допир со древните цивилизации кои во голема мерка влијаеле на светската историја. Верувам дека сведочевте на нашето културно богаство кога ја посетувате нашата земјаа" , рече турскиот претседател, додавајќи дека Културниот центар Јунус Емре во Загреб ќе послужи во јакнење на односите со Хрватска.
"Сакаме Културниот центар, освен за претставување на турскиот јазик и Турција, да придонесе во јакнење на културната соработка со другите заедници", рече Ердоган.
Потсети дека моментално во 37 земји во светот има 45 културни центри на Јунус Емре.
"Во турскиот и хрватскиот јазик постојат многу заеднички зборови. Заеднички зборови се сами по себе добар израз на партнерството помеѓу нас. Денес во Хрватска имаме околу блиску две илјади заеднички зборови. Културниот центар Јунус Емре сигурно ќе ја зголеми културната размена помеѓу двете земји и ќе го зајакне нашето досегашно пријателство", рече Ердоган.
На церемонијата на отворање на Културниот центар Јунус Емре, помеѓу останатите, присуствуваа и Емине Ердоган, сопругата на претседателот на Турција, неколку министри од владата на Турција, министерот за надворешни работи на Хрватска Миро Ковач и претседателот на Институтот Јунус Емре Сереф Атес.