?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
Турскиот најголем Интернационален саем на книгата ги отвори вратите овој викенд со церемонија за одбележување на својата 34-та годишнина, јавува Anadolu Agency (AA).
Тујап саемот во Бејликдузу се отвори во саботата со темата „Хумор: Гледајте на животот со насмевка“. Оваа година, 34-тиот Интернационален саем на книгата во Истанбул ќе биде домаќин на над 750 издавачи од сите страни на светот, како и на панел-дискусии, семинари и работилници меѓу вкупно 300-те активности.
Романија ќе биде почесен „гостин“ на настанот каде ќе присуствуваат еминентни романски писатели како Мирчеа Картареску и Матеи Вишниец. Обраќајќи се на отворањето на Саемот во саботата, гувернерот на Истанбул, Васип Шахин, рече:
„Денес, на читањето книга веќе не се гледа како на активност за во слободно време, туку почна да се смета како обврска, потреба и должност.“
Тој додаде дека минатата година саемот го посетиле околу 500.000 посетители. Матеи Јоан, генерален директор на Библиотеки и Публикации при Министерството за култура на Романија, рече: „Верувам дека пишувачката култура го сочинува целиот прочистителен систем на тлото во овие геополитички услови.
“Раководителот на Турската асоцијација на издавачи, Метин Џелал, рече: „Минатата година произведовме 561.000 книги. Според Интернационалната асоцијација на издавачи, ние сме на 11-то место во светскиот издавачки сектор.“
Изложени се и новинарски публикации и фотографии од Anadolu Agency. Директорот за комуникации на агенцијата, Есра Киречи, рече:
„Задоволство ни е што сме глобални комуникациски партнери на Истанбулскиот интернационален саем на книгата последниве две години.“