култура и уметност

Концерт на традиционална турска музика во Скопје

Концерт изведе Ансамблот за традиционална турска музика при Истанбулскиот технички универзитет

Dzihat Aliju  | 26.04.2018 - Обновена : 27.04.2018
Концерт на традиционална турска музика во Скопје Vedat Abdul/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржа концерт на традиционална турска музика, јавува Anadolu Agency (AA).

Во „Домот на армијата“ во Скопје, во организација на Интернационалниот балкански универзитет (ИБУ), Институтот „Јунус Емре“ - Скопје и Македонско-турската стопанска комора (МАТТО), концерт одржа Ансамблот за традиционална турска музика при Истанбулскиот технички универзитет.

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу, за новинарите изјави дека како универзитет организираат голем број активности, а во рамките на овој проект, гостите ќе имаат можност да чујат избрани дела од турската народна музика и воопшто од турската музичка уметност.

Директорот на Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Шемсетин Шекер, истакна дека на концертот ќе бидат изведени стари дела на музиката на илмот (знаењето), која е окарактеризирана како гласот на рајските порти.

Директорот Шекер, истакнувајќи го своето задоволство што скопјани ќе имаат можност да ја слушаат турската традиционална музика, забележа дека сите посетители на концертот уживале во овој убав празник на музиката.

Посочувајќи дека Македонија е земја со голема етничка разновидност, Шекер изјави: „Постои голем интерес за турката музика. Тоа го забележавме и на концертите коишто претходно ги организиравме.“

Скопјани доживеаја пријатни моменти и уживаа во изведбата на турските музички дела од страна на Ансамблот за традиционална турска музика при Истанбулскиот технички универзитет под раководство на проф. д-р Џихангир Терзи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.