Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
АНКАРА
Поранешниот гитарист на американскиот рок состав „Ред хот чили пеперс" (Red Hot Chilli Peppers) Џек Шерман почина во 64. година од животот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шерман, кој свиреше на дебитантскиот албум на бендот и учествуваше во првата американска турнеја на групата во 1984 година, почина во 64 година од животот, јави Би-Би-Си (BBC).
Не се објавени информации во врска со причината за смртта на Шерман, кој имаше значителна улога во пишувањето на песните на вториот албум на „Ред хот чили пеперс".
На официјалниот Твитер профил на групата упатена е желба „Џек Шерман мирно да се пресели на другот свет".