култура и уметност

Сирискиот музичар сака да ја продолжи својата кариера во Турција

Фади Араби Катби e гитарист, композитор, професор и сопственик на музичко училиште во Сирија, кој избегал од граѓанската војна и се засолнил во Турција, сака да го пренесе знаењето и искуството на ентузијастите на уметноста во Турција

Kenan Irtak  | 17.03.2018 - Обновена : 19.03.2018
Сирискиот музичар сака да ја продолжи својата кариера во Турција (Foto: Kenan Irtak/AA)

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - КЕНАН ИРТАК - Фади Араби Катби e гитарист, композитор, професор и сопственик на музичко училиште во Сирија, кој избегал од граѓанската војна и се засолнил во Турција, а во разговор за Anadolu Agency (AA) истакнува дека сака да го пренесе знаењето и искуството на ентузијастите на уметноста во Турција.

Четириесет и четиригодишниот уметник, кој е сопственик на музичко училиште во главниот град Дамаск, во кое се школуваат околу 100 деца, освен што подучува класична гитара на Универзитетот „Шам“, држи часови во неговото училиште.

Дипломирал на Високата уметничка академија на Универзитетот „Шам“, каде што почнал да држи часови откако добил докторска диплома по класична гитара.

Катби во разговор за Anadolu Agency (AA) раскажува како неговиот живот го променила граѓанската војна во неговата земја.

Тој споделува дека училиштето сè уште работи и со него управува неговата сестра и дека образованието во училиштето не е како што било порано. Сепак, поради тоа што музичкото училиште било во безбедна област на Дамаск продолжува со предавања.

„Училиштето продолжува да работи и покрај тоа што активностите и учениците се намалени. Јас таму подучував гитара. Бевме десет музичари што предававме. Држевме часови по солфеж и по сите музички инструменти. Сега животот во Сирија е многу тежок. Поради материјалните и духовните тешкотии, решив да ја напуштам Сирија и да започнам нов живот. Како музичар треба да бидам во мирна атмосфера, а ова е невозможно во Сирија. Жал ми е што сум далеку од моето семејство и од моите ученици“, рече музичарот.

Катби преминува од Либан во Сирија и оттаму пред 3 години, зел виза и доаѓа во Турција. Тој вели дека не се соочил со никаков проблем.

- „Благодарен сум на Владата и на народот за нивната помош за Сиријците“ 

Овој музичар упати благодарност до Владата на Турција и турскиот народ за нивната несебична помош за Сиријците.

„Луѓето се многу љубезни. Благодарен сум на Владата и на народот за нивната помош за Сиријците. Како уметник е многу тешко да работиш нешто друго освен уметност. Сириските уметници се принудени да работат тука, да преживеат работејќи нешто друго, работејќи во фабрики, заборавајќи ги своите соништа, професија и хоби. Сакаме да продолжиме со нашата професија тука“, истакна Катби, опишувајќи ја Турција како многу убава земја.

Катби, истакнувајќи дека се труди да преживее правејќи филмска музика за фирмата основана од неговата сестра, која се базира на продукција, режија и рекламирање, посочи дека не заработува доволно ни оттаму.

- „Ја сакам многу Турција“

Музичарот нагласи дека живее во тешки услови како уметник. „Ја сакам Турција. Турција е важна земја за мене. Но, како музичар и композитор не можам да направам тука ништо. Би сакал да продолжам со мојата работа“.

Катби, во разговорот открива и дека компонира инструментални дела.

„Компонирам инструментални дела за театарски претстави, серии, филмови и документарни филмови. Мојата музика тлее во сириските театри, во филмовите, во сериите. Компонирам мешавина од џез и источна музика. За жал, не бев во можност да работам со Турците во оваа област. Затоа што не зборувам турски. Сестра ми подготви програма што ја презентира Турција. Јас ја подготвив музиката за програмата. Се надевам дека оваа програма ќе отвори нови врати за мене.“

Катби, на крај, наведе дека многу му недостигаат учениците и семејството во Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın