Мајсторката за бројаници Хатиџе Учкун од турскиот град Афионкарахисар ги обликува бројаниците со различни мотиви и дизајни, а комбинирајќи ги со традиционалната рачна изработка, ги претвора во уметнички дела.
Триесет и седумгодишната Учкун, по завршувањето на студиите на отсекот за златарство и дизајн на накит, ја совладала уметноста на изработка на бројаници на курс организиран од општината.
Хатиџе Учкун, која ги продава бројаниците што ги изработува со мотиви карактеристични за градот, за АА изјави дека со оваа уметност се занимава веќе 12 години.
Таа истакна дека за неа претставува гордост да се занимава со традиционалната турска уметност на изработка на бројаници.
„Мојата цел е да користам турско-исламски мотиви и османлиски дезени. Сакам преку овие мотиви да ја пренесам нашата култура на бројаниците. На бројаниците најчесто користам различни дизајни, како афион, мотиви на лале и семки од цреша. Сите бројаници овде се уникатни и секоја е изработена како посебен примерок. Имам и бројаници на кои сум работела цел месец. Во уметноста на изработка на бројаници, трпението е многу важно. Оној што не ја сака оваа уметност не може да напредува во неа“, рече Учкун.