Mücahit Hüseyin Eroğul
12 Јуни 2022•Ажурирај: 13 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Денес е последниот ден од петтото издание на Светскиот фестивал на етноспортови и култура, чиј организатор е Светската конфедерација на етноспортови, јавува Агенција Анадолија (АА).
На последниот ден од фестивалот, што се одржува на аеродромот „Ататурк“, на програмата беа коњички спортови и борење, сценски настани, концерти, јавање и стрелаштво.

Учесниците имаа можност да уживаат во различните искуства, во регионалните културни промоции, изложби, традиционалните ракотворби и работилници.
На фестивалот изминатите денови беа претставени и турските градови, работилници за ракотворби и многу други активности. За време на четиридневниот настан посетителите имаа можност да уживаат во стрелаштво, борење, јавање, пеливанство и други традиционални спортови.
Се претставија околу илјада учесници од 26 земји, а посетителите имаа прилика да ги пробаат и традиционалните јадења од различни делови на светот.
Посетителите ја имаа можноста да се запознаат и со традиционалните спортови и игри, како и со природата.
Спонзори на фестивалот се Туркиш ерлајнс, Турк Телеком, Развојната банка и Спор Тото.