Hajer M'tırı
13 Април 2017•Ажурирај: 14 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Трилерот „In the Fade“ снимен во турската заедница во Германија е еден од филмовите кој е во трка за наградата Златна палма на овогодишниот Кански филмски фестивал, изјавија организаторите денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„In the Fade“, од германскиот режисер со турско потекло, Фатих Акин, ја раскажува приказната за една жена која го одмаздува своето семејство по експлозијата на бомба во Хамбург.
Според официјалниот веб-сајт на фестивалот, на 70. Филмски фестивал во Кан, кој ќе се одржи следниот месец, вклучени се 49 филма од 29 земји.
Претседателот на фестивалот, Пјер Лескур, и генералниот делегат Тиери Фремо, на прес конференцијата во Париз го открија списокот на филмовите што се натпреваруваат.
Оваа година ќе бидат прикажани филмот од жанрот виртуелна реалност, „Месо и арена“ (Carne y Arena) од режисерот оскаровец Алехандро Гонзалес Инјариту, како и специјални ТВ-проекти, обработката на „Твин Пикс“ (Twin Peaks) од Дејвид Линч и „Над езерото“ (Top of the Lake) од Џејн Кемпион.