„Народот на референдум ќе им одржи најдобра лекција на лидерите на Западот"
На платото на Културниот центар Ататурк во центарот на Анкара денеска е организиран собир на кој турскиот претседател Ердоган ја истакна важноста на излегувањето на референдумот и пружање на поддршката на уставната реформа
Kadir Karakuş
02 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
Ankara
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дема со демократскиот референдум и поддршката со предложената реформа на уставот турскиот народ на 16. април ќе го даде најдобриот одговор на лидерите на Западот кои водат политика на двојни стандарди кон Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
На платото на Културниот центар Ататурк во центарот на Анкара денеска е организиран собир на кој турскиот претседател Ердоган ја истакна важноста на излегувањето на референдумот и пружање на поддршката на уставната реформа која има ца цел воспоставување на ефикасен претседателски систем на власт.
„Црноморјето е местото на моите предци, а во Истанбул сум роден, растев и го стекнував политичкото искуство на служење на својот народ. Паралелно со тоа, Анкара е место каде 2001. година ја основавме нашата политичка партија и 2002. година почнавме да му служиме на својот народ и држава", рече Ердоган.
Потсетувајќи на важната улога на жителите на Анкара во спречувањето на јулскиот обид за воен удар кој во Турција го изведе терористичката организација ФЕТО, Ердоган рече дека и претстојниот референдум е своевидна потврда на победата над пучистите и терористите.
Обвинувајќи го лидерот на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу дека кога на собирите на кампањата против уставните реформи вели дека заговорниците на тие реформи ги нарекуваат „терористи" сите оние кои ќе гласааат против реформата, Ердоган рече дека референдумот е највисок степен на демократијата и дека на народот му се дава можноста да избира.
„Киличдароглу, пак го лажеш народот. Ние веруваме и ја браниме демократијата во која врвот на се претставува волјата на народот. Оној кој гласа против е вреден исто колку и оној кој ќе гласа за уставната реформа", порача Ердоган.
Претседателот Ердоган и во оваа прилика ја критикуваше Европската унија поради дволичната политика која ја води кон Турција и потсети на неодамнешниот состанок на лидерите на Унијата со поглаварот на Римокатоличката црква папата Фрањо во Ватикан.
„Дали ви е јасно зошто ЕУ веќе 54 години не ја прими Турција во членство? Отворено и јасно ќе речам дека тоа е христијански сојуз. Референдумот на 16. април ќе биде ден и за анализа на таа одлука", рече Ердоган.
Неодамна на собирот на приврзаниците на терористичката организација ПКК во Швајцарија е виден голем транспарент со портретот на претседателот Ердоган и повик за негова ликвидација, а Ердоган во денешното обраќање рече дека не се плаши, бидејќи е свесен дека Бог е тој кој одредува.
„Јас на овој пат тргнав облекувајќи ќефини (бело платно во кое се обмотува починатиот) и ќе биде онака како што мојот Господар ќе одлучи. Зарем мислите дека со изведување на улиците и полициска заштита на левичарските терористички организации и приврзаници на ПКК ќе одземете нешто од гордоста и славата која Турција ја има? Доаѓа 16. април. Нашиот народ од 80 милиони, уверен сум, ќе им одржи најдобра лекција на лидерите на Западот", рече Ердоган.
„Народот на референдум ќе им одржи најдобра лекција на лидерите на Западот"