Sibel Kurtoğlu
20 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул, на затворањето на Самитот на земјите од Д-8, упати критики кон САД и ЕУ, порачувајќи дека неговата земја повеќе нема доверба кога велат дека ѝ даваат поддршка на Турција во борбата против тероризмот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган говореше на конференцијата за новинарите на затворањето на Самитот Д-8 (група од осум земји во развој: Турција, Иран, Пакистан, Бангладеш, Малезија, Индонезија, Египет и Нигерија).
Во своето обраќање, тој се осврна и на случајот на истакнувањето на постерот на осудениот лидер на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан во Рака, од страна на припадниците на терористичката организација ПКК/ПЈД.
„Во Рака истакнаа постер на лидерот на терористичката организација. Како сега САД ќе го објасни тоа? Повелете! Кога ќе почнат да зборуваат дека ПКК е терористичка организација, исто така и земјите-членки на Европската Унија велат дека е терористичка организација. Франција на зградата на својата државна телевизија истакна постер на терористичкиот лидер, а полицијата тоа само го набљудуваше. Како сето тоа ќе го објасните? Дали тоа е солидаризирање во борбата против тероризмот? Во текот на билатералните состаноци ни велат: ‘Ние сме со вас во борбата против тероризмот’. Не ви веруваме, не сте со нас, бидејќи да сте со нас, нема да ги штити вашата полиција. Во Германија шетаат, притоа ги штити полиција, врева, шетаат носејќи постери. Не се искрени. Јас ги повикувам најпрвин да бидат искрени. Потоа нека не бараат услуги од нас. Нека знаат дека сѐ има свој одоговор“, порача Ердоган.