Nuray Tunçay
30 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека "паралелната предавничка мрежа" односно терористичката организација ФЕТО/ПЈД на чело со Фетулах Ѓулен нанесе голема штета на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердоган говореше на церемонијата во Конгресниот центар Халич во Истанбул, која е организирана по повод 65-години од основањето на турската фондација “Илим Јајма Џемијети”
Во таа прилика тој се осврна на актуелните случувања како и на борбата против тероризмот и терористичките организации.
Зборувајќи за активностите на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, движењето познато како Хизмет, на чело со Фетулах Ѓулен, Ердгоган рече дека добар дел од припадниците на тоа движење се во притвор, а некои од нив избегале од Турција.
Ердоган исто така потсети дека западните медиуми за време на нередите во паркот Гези во Истанбул, пред три години, настојуваа да прикажат состојба дека во Турција дојде до граѓанска војна.
"Пишуваа дека ‘Турција го поддржува тероризмот’. Настојуваа на секој можен начин да ја оцрнат нашата земја кога е во прашање слободата на медиумите. Зарем сето тоа денес не го прават паралелните структури. По неуспехот во Турција, медиумските органи на паралелните структури во некои од западните земји покренаа различни кампањи против нашата земја", рече Ердоган.
Турскиот претседаетел исто така нагласи дека двојните стандарди се присутни кога е во прашање тероризмот-
"Ние велиме ‘ПЈД е терористичка организција’, ‘ЈПГ е терористичка организација’. Но, многу интересно, министерот за одбрана на САД зборува едно од друга страна, а гласноговорникот зборува нешто сосем друго. Вели, ‘ние ЈПГ и ПЈД не ги сметаме за терористички организации’. За што се работи? Кога се со нив зборуваат едно, а кога ќе го свртиме грбот, зборуваат друго! Ако е така, новој народ сам ќе си ја врши работата. Тука нема второ решение", порача Ердоган.
Ердоган нагласи дека припадниците на терористичката организација ПКК, како и паралелните структури во рамките на земјата, како и надвор од неа работат на штета на Турција.
Алудирајќи на паралелните структури, истакна дека тие говореле дека Турција пружа поддршка на тероризмот, потврдија дека самите се припадници на терористичка организација.
"Паралелната предавничка мрежа нанесе голема штета на нашата земја", рече Ердоган и додаде: "Оваа организација заведе некои од најсветлите умови на Турција, послебно во последните 25 години и од нив направи безлични и бескарактерни роботи".