Kasım İleri
16 Април 2018•Ажурирај: 17 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) не ги промениле целите во Сирија и дека претседателот Доналд Трамп е одлучен што побрзо да ги повлече американските сили од таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Францускиот претседател Емануел Maкрон синоќа изјави дека лично го уверил американскиот колега Трамп во неопходноста американската војска да остане во Сирија, што предизвика разни полемики во Вашингтон.
„Претседателот Трамп сосема јасно кажа дека сака да ги врати американските сили од Сирија. Ние сме решени во целост да го уништиме ДЕАШ и да создадеме услови во кои ќе биде спречена секоја можност за враќање на терористите на сцената“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.