Diyar Güldoğan
28 Септември 2017•Ажурирај: 29 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на
Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, по состанокот со претседателот на
Русија, Владимир Путин, во Анкара изјави дека на подрачјето на Блискиот
Исток во последно време станува сè почувствително и покревко, јавува
Anadolu Agency (AA).
„За жал, нашиот регион во последно време
станува сè почувствителен. На пример, референдумот кој се одржа нема
никаков легитимитет во поглед на Уставот на Ирак, како и во поглед на
меѓународното право“, истакна Ердоган.
Нагласи дека Турција и Русија се согласни по прашањето на територијалниот интегритет на Ирак, но и на Сирија.
„Разговаравме
и за регионални прашања, вклучувајќи ги Ирак и Сирија. Согласни сме во
однос на прашањето за територијалниот интегритет на Ирак, но и на
Сирија“, рече Ердоган.
Тој додаде дека Турција и Русија повторно ја искажале одлучноста за постигнување на политичко решение за сирискиот конфликт.
„Повторно
ја потврдивме одлучноста за зачувување на заедничката волја и блиската
соработка со цел да пронајдеме политичко решение за сирискиот конфликт“,
рече турскиот претседател.
Путин во обраќањето кон новинарите
истакна дека било тешко да се формираат „зоните без судири“ во Сирија,
додавајќи дека со иницијативите и со силната волја на Ердоган постинати
се важни успеси.
Тој додаде и дека формирањето на „зоните без судири“ дало значаен придонес кон мировните преговори во Женева.
Ердоган претходно во претседателската палата, со највисоки државни почести, го пречека Путин кој допатува во посета на Анкара.