Ilkay Guder
15 Февруари 2016•Ажурирај: 15 Февруари 2016
КИЕВ (АА) - Утринава во официјала посета на Украина допатува турскиот премиер Ахмет Давутоглу каде се сретна со својот украински колега Арсениј Јацењук, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу пред почетокот на средбата рече дека Турција има право да ги преземе сите мерки на претпазливост со цел заштита на својата безбедност, бидејќи случувањата во Сирија најмногу влијаат врз Турција.
„Турција има право да ги преземе сите мерки на претпазливост со цел заштита на својата безбедност, бидејќи ниту една земја не може да биде под влијание на случувањата во Сирија колку Турција и токму поради тоа нема да се двоумиме во преземањето на сите безбедносни мерки”, рече на почетокот на посетата на Украина.
Тој додаде дека терористичките организации ПКК, која делува во Турција, и ЈПГ, нејзиниот огранок во Сирија, се пиони на руската експанзионистичка политика.
„Денес ПКК во Турција и ЈПГ во Сирија се отворени инструменти на Русија и пиони на нејзината експанзионистичка политика. Доколку тоа јасно не се види, во иднина би можело да дојде до поинакви проблеми. Тие инструменти се користат со цел Турција да биде ставена во тешка положба. Поради тоа, нашиот став кон тие терористички организации е легитимен”, рече турскиот премиер.
Давутоглу потсети на јасниот став на Турција за движењето на припадниците на терористичката организација ЈПГ во Сирија, дека не смеат да дојдат во Азаз, односно источно од Африн.