Halit Süleyman
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ДАМАСК (АА) - ХАЛИТ СУЛЕЈМАН -
На виделина излегоа нови снимки околу масакрот со хемиско оружје кој пред три години го изведоа силите на режимот на Асад во предградието Источна Гута во Дамаск, во кој животот го загубија над 1.000 лица.
Режимот на Асад, ноќта меѓу 20 и 21 август 2013 година, изврши напад со хемиско оружје во подрачјето на Источна Гута, во кој животот го загубија 1.400 цивили, меѓу кои поголем дел жени и деца.
Anadolu Agency (АА) дојде до снимките од местото на настанот, направени веднаш по извршениот напад.
На снимките можат да се забележат голем број жени и деца кои починале откако биле изложени на хемиските гасови, како и напорите на лекарите кои се обидуваат да ги вратат во живот цивилите затруени од хемиските гасови.
Можат да се забележат жени и деца кои лежат на земја и имаат потешкотии со дишењето, некои од нив се на умирање. Се гледаат екипите на Цивилната зашита кои ги заведуваат и се обидуваат да ги идентификуват загинатите цивили.
По нападот, со градежни машини биле отворени заеднички гробници во кои загинатите се погребани.
Раководството на САД кое предупреди дека ќе изврши воена интервенција во Сирија доколку режимот на Асад употреби хемиско оружје во граѓанската војна, по масакрот во Источна Гута, оваа „црвена линија” ја отстрани од својот дневен ред.
САД, која дејствуваше заедно со Русија, се договори да се уништи хемиското оружје кое го поседува Сирија, по што утврденото хемиско оружје кое го поседуваше режимот на Асад беше уништено.
Но режимот не успеа да ја убеди меѓународната заедница дека не поседува друго хемиско оружје, освен она коешто го пријави на Организацијата за спречување на користење хемиско оружје.