Ekipa
06 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
АФРИН (АА) - Anadolu Agency (AA) со дрон го сними сирискиот град Џиндерес кој е под контрола на терористичката организација ПЈД/ПКК.
Претежно на снимките се гледа напуштен град опколен со земјоделски површини.

Локални извори тврдат дека припадниците на ПЈД/ПКК ги однеле цивилите од Џиндерес во центарот на Африн со цел да ги користат како жив штит.
Изворите тврдат дека околу Џиндерес се поставени мини, а во неговиот центар и други експлозивни средства.
Со акциите што се одвиваат во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска ги надгледуваат патиштата кон Џиндерес, а извори тврдат дека ПЈД/ПКК во центарот на градот ќе дадат отпор со експлозивни средства и одреден број терористи.