?????
02 Ноември 2015•Ажурирај: 04 Ноември 2015
Во Турција денеска се одржани предвремени парламентарни избори, а според првите прелиминирарни резултати од пребројаните 95 отсто избирачки ливчиња во водство е владејачката Партија на правдата и развојот (АК Parti) со освоени 49,5 отсто гласови или 316 пратенички места во собранието, јавува Anadolu Agency (AA).
Врховната изборна комисија на Турција (YSK) ги објави прелиминарните резултати кои се однесуваат на 95 отсто пребројани гласови. Во тек е и пребројување на останатите гласачки ливчиња.
АК Партија освои 316 пратенички мандати, додека најсилната опозициска Републиканска народна партија (CHP) освои 25,3 отсто гласови или 133 места во Собранието од вкупно 550 членови.
АК Партија во предстојниот мандат самостојно ќе формира влада. Опозициската Партија на Националното движење (MHP) доби 11,97 гласови или 42 пратенички места а прокурската левичарска Народна демократска партија (HDP) освои 10,3 отсто гласови, односно 59 мандати и се наоѓа на самиот изборен праг.
Спомнатите четири партии ќе имаат пратеници во наредниот состав на турскиот парламент, додека според прелиминарните резултати, преостанатите 1 2 политичи партии не го поминаа изборниот праг од 10 отсто гласови.
Излезноста на денешните избори беше 87,2 отсто, а во горе наведените резултати вброени се и гласовите пристигнати од дијаспората. Резултатите од изборите во изборната ноќ со Anadolu Agency (АА) може да ги пратите и на интернет страницата: secim.aa.com.tr.
На претходните парламентарни избори одржани на 7.јуни оваа година, ниту една политичка опција не успеа да освои доволно мнозинство за да може самостојно да формира власт. Со оглед дека коалициските преговори поминаа без резултат, турскиот претседател Реџеп Т. Ердоган го искористи уставното овластување и донесе одлука за повторување на изборите