Fatjon Cuka
24 Февруари 2016•Ажурирај: 25 Февруари 2016
ТИРАНА (АА) - Министерството за урбан развој на Албанија, во соработка со проектот „Проширување на електронскиот систем за одобренија за градба (е-дозволи) во Југоисточна Европа” , ја организираше првата тркалезна маса за презентирање на резултатите од истражувањето спроведено на тековната ситуација и препораките за воспоставување на електронскиот систем на одобренија за градба во Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството во текот на изминатите две години има одобрено низа законски измени за оваа намена, а од октомври, работи заедно со Националната агенција за информатичко општество, за подготовка на електронски градежни дозволи во Албанија, што ќе овозможи аплицирање и добивање одобренија за градење преку интернет, почнувајќи од 31 март, 2016 година.
Министерката Енглантина Ѓермени, за време на својот говор на тркалезната маса, рече дека овој модел којшто се презентира денес е врз основа на моделите од другите земји, за кои вели дека успешно функционираат, споменувајќи ги притоа Македонија и Србија.
„Во Република Македонија, системот се спроведува од 2013 година и преку него се разгледани 90 илјади апликации, а во Србија електронскиот систем за одобренија за градба започна целосно да функционира од јануари оваа година. Ние сме во првата фаза на овој процес. Ние сме само во фаза онлајн апликација”, рече Ѓермени.
Оваа студија имаше за цел да се идентификуваат правните, институционалните и проблемите во практика, со цел воспоставување и функционирање на системот а истата да дава препораки за имплементација на оваа реформа.
Правната оценка за системот содржи анализа на правната и институционална рамка за издавање дозволи за градба, како и изработка и одобрување на потребните предлог закони.