Mustafa Keleş
30 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) – Советот за безбедност при ОН во процесот на избирање нов генерален секретар кој ќе започне со функцијата од 1. Јануари 2017 го направи третото анкетно гласање, јавува Anadolu Agency (AA).
По гласањето кое се одржа на затворена седница претседателот на Советот за Безбедност кој е избран за месец август, а е постојан претставник на Малезија во ОН Рамлан Ибрахим, даде изјава за новинарите во која рече дека гласањето е завршено, а резултатите од гласањето ќе им бидат доставени на кандидатите преку нивните држави – предлагачи.
Ибрахим изјави дека за резултатите е инфориран и претседателот на Генералното Собрание при ОН, но дека официјално нема да бидат објавени. При гласањето секоја држава за десетте кандидати гласаше „за“, „против“, или „воздржано“.
Според дипломатски извори се дознава дека поранешниот премиер на Португалија Антонио Гутерес, како и во претходните гласања така и сега е меѓу првите редови. Од 15 држави членки на Советот 11 дале глас „за“ Гутерес, 3 „против“, додека една членка била воздржана.
Кандидатот од Словачка Мирослав Лајчак завзема второ место со 9 гласа „за“, 5 „против“ и 1 „воздржан“.
Од останатите кандидати Ирина Бокова од Бугарија, Вук Јеремиќ од Србија и Сузана Малорка од Аргентина добија по 7 гласови „за“. За Бокова и Јеремиќ „против“ гласале 5 држави, додека за Малорка 7.
Срџан Керим од Македонија и Хелен Кларк од Нов Зеланд добија поддршка со по 6 гласа, додека Данило Турк од Словенија доби поддршка од 5 држави. Мегу последните на гласањето беа Наталија Герман од Молдавија и Кристина Фигурес од Коста Рика со по 2 гласа „за“.
Весна Пушиќ од Хрватска и Игор Луксиќ од Црна Гора, поради тоа што добија малку гласови на претходните анкети се откажаа од компетицијата.
Во борба за генерален секретар се 10 кандидати од кои 5 жени. За потврда на избраниот кандидат Советот за Безбедност ќе ги испрати резултатите до Генералното Собрание. Новиот генерален секретар ќе биде избран со дво третинско мнозинство од добиените гласови.
Пред испраќањето на резултатите до Генералното Собрание, Советот за Безбедност ќе утврди официјано гласање. За утврдување на избраниот кандидат најмалку 9 држави членки треба да го дадат својот глас „за“, а притоа САД, Русија, Кина,Англија и Франција, кои имаат право на вето не треба да го искористат истото против овој кандидат.
Нема информација за тоа дали државите членки кои гласаа „против“ Гутерес се постојани членки на ОН.
Се очекува избраниот кандидат да се испрати на утврдување до Генералното Собрание во Октомври или Ноември месец годинава.
Функцијата на сегашниот секретар Бан Ки Мун завршува на 31. Декември. Тој ќе наврши 2 мандати од по 5 години на својата функција.