Ali H. M.Abo Rezeg
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
БАГДАД (АА) - Најмалку десет цивили загинаа, а 18 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во близина на пазар во источниот дел на Багдад, сопштија безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачкиот полициски претставник, Муајад ал-Џубури, за АА изјави дека автомобилот-бомба експлодирала на пазарот Џамила во Садр, при што е причинета штета на околните продавници и автомобили.
Сè уште ниедна група не презеде одговорност за нападот.