Sinan Yiter
16 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
ОУАГАДОУГОУ (АА) - Акцијата за ослободување на заложниците во хотелот "Splendid" во Оуагадоугоу, главниот град на африканската држава Буркина Фасо, до која дојде по нападот на хотел е завршена со помош на безбедносните сили и француските специјални тимови, јавува Anadolu Agency (AA).
Досега во овој напад загинаа 30 лица, а 126 лица се спасени. Меѓу спасените има 33 повредени лица. Ослободен е и министерот за труд на Буркина Фасо.
Како што кажа министерот за внатрешни работи и безбедност на Буркина Фасо, Симон Компаоре, припадниците на безбедносните сили воспоставиле контрола над хотелот, но продолжени се акциите околу хотелот поради сигурност дека нема терористи во близина.
Одговорност за нападот презеде терористичката организација Ал-Каеда ос исламскиот Магреб (AQIM).
Очевидци претходно изјавија дека синоќа, маскирани, тројца или четворица напаѓачи активирале две автомобил-бомби пред хотелот и влегле во него, по што дошло до размена на оган со безбедносните сили.