Furkan Abdula
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) - Владата на Република Македонија на денешната седница го усвои Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„На денешната редовна 74 седница, Владата го разгледа и усвои Предлог-законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување стратешко партнерство помеѓу страните, на предлог на Министерството за надворешни работи“, се вели во соопштението на Владата.
Исто така се наведува дека Предлог-законот за ратификација ќе биде доставен до Собранието на Репубика Македонија.