Hasan Esen
23 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
БРИСЕЛ (AA) - Белгиската полиција утрово го уапси Најим Лашрауи, третиот осомничен за вчерашниот терористички напад на аеродромот Завентем, пренесува Anadolu Agency (AA).
Белгискиот весник "DH" јавува дека во денешната акција е уапсен еден од најбараните терористи во Европа Лашрауи.
Полицијата претходно го објави идентитетот на двајцата бомбаши самоубијци кои го изведоа вчерашниот терористички напад на бриселскиот аеродром, а станува збор за браќата Халид и Ибрахим Ел Бакрауи.
Најмалку 34 лица се убиени, а поеќе од 130 ранети во трите експлозии кои одекнаа во Брисел. Две се случија во главниот терминал на бриселскиот аеродром, додека третата на метро станицата Маелбек. Одговорноста за нападите ги презеде терористичката организација ДАЕШ.