Ekipa
28 Јануари 2019•Ажурирај: 29 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - МУХАМЕД МИСТО / ЛЕВЕНТ ТОК -
Околу 600 дополнителни војници кои Соединетите Американски Држави (САД) ги испратија со образложение дека ќе нудат поддршка за процесот на повлекување, пристигнаа во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори во Сирија, околу 600 американски војници вчера пристигнале во воздухопловните бази „Хараб Ишк“ и „Сирин“, кои се наоѓаат во источниот дел на реката Еуфрат.
Според добиените информации, војниците по групи ќе бидат распоредени во базите, додека во случај да започне евакуацијата, „Хараб Ишк“ и „Сирин“ ќе бидат користени како главни центри за евакуација.
Базите што се наоѓаат во Румејлан, во североисточниот дел на Хасeка, и Тел Бејдер, во северниот дел на Хасeка, ќе бидат користени за евакуација на тешкото вооружувањепреку авиотранспорт.
Министерството за одбрана на САД (Пентагон) минатиот четврток соопшти дека ќе испрати дополнителни војници во Сирија, со цел поддршка на процесот за повлекување од оваа земја.
Официјален претставник на Министерството за одбрана, кој сакаше да остане анонимен, во изјава за АА, поради безбедноста на операцијата, се воздржа да даде детали околу бројката на дополнителните војници и позицијата на војниците.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во своите пораки на 19 и 20 декември минатата година истакна дека ја завршиле борбата против ДЕАШ, која била еднинствената причина на нивното присуство во Сирија.
Трамп потенцираше дека веќе е време американските сили да се вратат дома, но во наредните денови рече дека по предлозите на безбедносните претставници на САД, повлекувањето ќе се реализира бавно и безбедно.
Кога Трамп ја откри идејата за безбедносна зона, американските претставници побараа гаранција од Турција дека нема да изврши операција против терористичката организација ЈПГ/ПКК. Турција го одби барањето за заштита на терористите, но ја поддржа идејата за безбедносна зона.
САД во зоната окупирана од страна на ЈПГ/ПКК, кој е нивен сојузник во Сирија, поседува 18 бази и персонал кој брои околу 2.000 лица.