Besar Ademi
23 Јуни 2016•Ажурирано: 24 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во ЕУ Инфо-центар во Скопје денеска беше промовиран проектот "Подготовка на документи потребни за воспоставување на интегриран и финансиски ограничени за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион". Проектот е финансиран од Европската унија и се спроведува од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, во периодот од 20 јануари 2016 - 20 април 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Проектот со вредност од околу 30 милиони денари, има за цел да создаде услови за воспоставување на интегрирано и финансиски самоодржлив управување со депониите во источниот и североисточниот регион на земјата.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, најави дека до крајот на годината ќе аплицираат до ЕУ за изградба на инфраструктурни објекти, кои ќе придонесат за развој на овие региони, вклучувајќи и нови работни места.
„Овој проект е подготовка кон конкретна реализација на инфраструктурни проекти, тоа значи cost-benefit анализа и анализа на влијание на животната средина на овој проект во овие региони", рече Темелковски.
Раководителот на проектот од Европската унија, Андонис Mавропулус истакна дека за овие проекти треба дијалог и мора да се спроведат со активно учество и транспарентност на целата јавност.
„Идејата на овој проект е да се создадат предуслови за изградба на првата депонија која ќе се гради во Македонија, која ќе биде изградена во согласност со европските стандарди. Мислам дека ова е голем чекор и е доказ дека се прави напредок во таа насока", рече Мавропулос.
Новата инфраструктура ќе овозможи управување со отпадите во согласност со националното законодавство и релевантните директиви на ЕУ, како и да придонесат за квалитетот и подобрување на животот на луѓето во овие региони.