Serdar Açıl,Halil İbrahim Sincar
25 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
МАРДИН (АА) - Во екот на антитерористички операции во југоисточниот дел на Турција, во покраината Мардин, на турските безбедносни сили им се предадоа 25 припадници на терористичката организација ПКК, меѓу нив и шест жени, јавува Anadolu Agency (AA).
Група вооружени терористи им се предаде на турските безбедносни сили на еден од контролните пунктови во Нусејбин, од каде се префрлени во Дирекцијата на полицијата во Мардин.
По давањето исказ, припадниците на ПКК ќе им бидат предадени на надлежните правосудни институции на понатамошно процесуирање.
Меѓу терористите кои се предадоа има и шест жени, меѓу нив и Зехра Каја, која неодамна го привлече вниманието на јавноста кога припадниците на турските сили за безбедност го пронајдоа нејзиниот дневник во кој напишала и писмо за своите родители.
Истакнувајќи дека водачите на терористичката организација ПКК младите милитанти ги користат како пиони и дека голем број нејзини пријатели ги изгубиле своите животи, Каја рекла свесна е дека и нејзиниот крај ќе биде таков.
„Го молам оној кој ќе го пронајде овој дневник да го достави до моите родители. Ова е моја опорака. Во спротивно нема да бидам мирна ниту ни во гроб. Зехра Каја”, пишуваше во нејзиниот бележник.
Турски војник кој го пронашол дневникот при претрес и го доставил до таткото на Зехра Каја а тој со посредство на локалните медиуми ќерката ја повикал да се предаде на турската војска и да истапи од редовите на терористите.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската унија. Својата воена кампања милитантите на таа организација ја обновија во јули минатата година, а турските безбедносни сили ги интензивираа антитерористичките операции кон средината на декември минатата година. Досега во операциите во Нусејбин се убиени над 400 терористи.