Betül Yürük
03 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека во регионите во Сирија, кои се под опсада, во текот на последните два месеци не можел да влезе ниту еден конвој на хуманитарна помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на новинарите во седиште на ОН во Њујорк, Гутереш упати апел до завојуваните страни да овозможат достава на хуманитарна помош.
„Не смееме да изгубиме ни минута“, порача Гутереш, додавајќи дека за жал и понатаму стигнуваат вести и за употреба на хемиско оружје во земјата погодена од војна.
Тој истака дека мировниот процес во врска со Сирија бил на разумно ниво, напоменувајќи дека за време на неодамнешните преговори во Сочи била поддржана визијата во име на сите Сиријци.
Тој потсети дека во Сочи е формирана и Уставна комисија која треба, да ги претставува сите Сиријци.