Kurbani Geyik
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, ги повтори очекувањата на Турција кога станува збор за решавањето на бегалската криза во Европа, јавува Anadolu Agency (АА).
Давутоглу во телефонскиот разговор со својата германска колешка Меркел ги размени мислењата и очекувањата во пресрет на претстојниот Самит на лидерите на Европската унија и Турција кој ќе се одржи на 18-ти март.
Од канцеларијата на турскиот премиер соопштија дека разговорот е организиран по барање на германската влада и дека се дискутирало и за резултатите од претходниот самит на ЕУ и Турција, кој се одржа на 7-ми март.
Давутоглу потврди дека Турција очекува спроведување на безвизен режим за нејзините граѓани во ЕУ, за отворање нови поглавја и забрзување на преговорите за членство на Турција во ЕУ, како и поинтензивна заедничка борба за надминување на кризата со бегалците.
И канцеларката Меркел го повтори ставот на Германија и другите земји членки на ЕУ за интензивирање на односите со Анкара. Таа детално го извести Давутоглу за подготовките на самитот што ќе се одржи в петок.