????? ????????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 13 Ноември 2015
БEЈРУТ (АА) – Во две експлозии кои избија во Бејрут, главниот град на Либан, според првичните информации загинаа најмалку 35 луѓе, додека 180 се повредени, соопшти Црвениот Крст на Либан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА, од безбедносни извори дознава дека извршителот сеуште не е познат.
Од друга страна, до експлозијата дојде во момент кога Парламентот на Либан расправаше за предлозите на изборниот закон и кредитите кои државата ги има кај Светската банка.
По експлозијата, во Парламентот на Либан одржан е едноминутен молк, по што претседавачот Небих Бери седницата на Парламентот ја одложи за утре.