Fatjon Cuka
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
ТИРАНА (АА) - Албанската полиција во соработка со полициските служби од Македонија, Косово, Србија, Бугарија, Турција и Италија, како и со американската агенција за спречување на тровија со дрога (DEA) спроведоа опсежни операции против трговија со наркотици. Во рамките на оваа операција наречена „Балкан" приведени се 30 лица додека по 23 други се трага, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на акцијата „Балкан" беа запленети 26,6 килограми наркотични средства-хероин, од кои 16 килограми во Албанија, 1,8 килограми кокаин во Грција и 183,6 килограми канабис сатива.
Генералниот директор на албанската полиција од Одделот за организиран криминал и тешки кривични дела Ардиан Чипа, во изјава за медиумите рече дека во Албанија се приведени 14 лица. Според Чипа во рамките на акцијата „Балкан" се извршени заеднички истраги спроведени во Албанија, Македонија, Косово,Србија, Бугарија, Турција и Италија во текот на изминатите 15 месеци.
„Истрагите беа насочени кон една група на криминалци распространети во неколку земји од регионот вклучени во трговија со хероин, кокаин, и марихуана. Во текот на истрагата откривме дека добавувачите на хероин од Турција помеѓу нивните посредници од Турција и Косово вршеа достава на наркотични средства од Турција за Косово, Албанија, потоа во Грција, или во другите земји на ЕУ така што одредени членови од оваа група вршеа достава на марихуна во Македонија, Грција или Турција. Припадниците на оваа мрежа се претпоставува дека комуницирале и се сретнувале во Албанија, Косово и Грција за да се договорат за доставата на наркотичните средства како и нивната рута. Од досегашната истрага е утврдена улогата на лицата кои се инволвирани и уапсени во Албанија и во другите земји", изјави Чипа.
Според албанската полција во досегашната фаза на акцијата во Албанија се приведени 14 државјани и по две лица уште се трага, во Грција се приведени 10 а по 10 лица полицијата трага, во Македонија се приведени 5 државјани, додека по 7 се трага, во Бугарија е приведено едно лице, а во Косово се трага по четири лица.