Zekeriya el-Kemali,Zeynep Tüfekçi
03 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
САНА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во Јемен бројот на починати од епидемија на колера се искачил на 605, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на СЗО во Јемен на својот профил на социјална мрежа објави дека во 19 провинции на Јемен, од 27 април досега забележани се повеќе од 73.700 сомнителни случаи.
Во изјавата се истакнува дека поради епидемијата која постои во земјата, бројот на починати изнесува 605 лица.
СЗО пред два дена излезе со соопштение во кое информираше дека во земјата бројот напочинати од епидемијата на колера изнесува 532 лица.
Фонд на Обединети нации за помош на деца (УНИЦЕФ) излезе со свое соопштение во кое се наведува дека 40 отсто од починатите од епидемијата на колера која владее во Јемен се деца.
Во соопштението се вели дека во просек дневно умираат 4 деца, а околу 1.000 деца секој ден се префрлаат во болница поради дијареа.
Поради вооружените судири кои веќе две години продолжуваат да траат во Јемен, околу три милиони луѓе се раселени во различни делови од земјата, кои поради недостатокот на чиста вода за пиење и собирањето на отпадот, секојдневно се среќааваат со ризикот на заболување од колера.