İlkay Güder
05 Април 2018•Ажурирај: 06 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод 98 години од основањето на Anadolu Agency (AA) упати честитки до АА и нејзините вработени.
„Anadolu Agency покажаа посветеност на својата филозофија на работа, така што за нашиот народ, овие денови му пружи точни и целосни информации за акцијата 'Маслинова гранка', како што тоа го правеше и во текот на Турската војна за незавиност. Успеа со својата работа и делување да стане една од најреспектабилните новински агенции во светот", се наведува во пораката на турскиот претседател.
Тој додаде дека АА сведочеше за секој напредок и развој на Турција, истакнувајќи дека станува збор за добро организирана новинска агенција на која Турција е многу горда.
„Оваа новинска агенција на некој начин има и епитет на училиште за турските медиуми. Освен тоа, беше и силен глас на народот во борбата против сепаратистичката терористичка организација и предавничката група ФЕТО", наведе Ердоган.
Тој, исто така потсети дека АА го зголеми бројот на своите канцеларии во последниве години и дополнително го зајакна своето присуство низ целиот свет.
На крајот, претседателот Ердоган посака многу среќа и успех во работата на Anadolu Agency (AA) и во иднина.
Anadolu Agency (AA) е основана на 6 април 1920 година, 17 дена пред формирањето на Големото национално собрание на Република Турција (TBMM).