Yıldız Nevin Gündoğmuş
02 Март 2016•Ажурирај: 03 Март 2016
АБУЈА (AA) - Поврзувањето на терористичките организации со осредена вера или етничка група само му служи на тероризмот бидејќи тероризмот нема ниту вера ниту нација, порача во среда претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, во текот на посетата на Нигерија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во рамките на посетата на Нигерија се состана со претседателот на таа земја Мухамед Бухари во главниот град Абуја. По состанокот потпишани се бројни меѓудржавни договори и одржана е заединчка прес конференција.
Ердоган изрази задоволство по повод својата прва посета во Нигерија во својство на претседател на Република Турција и нагласи дека односите помеѓу двете земји имаат свои корени уште од 16 век. Тој рече дека Турција и Нигерија се две пријателски и братски земји и додаде дека Нигерија е регионален и глобален фактор, а воедно и една од десетте земји кои пружаат најголема поддршка во мировните мисии на Обединетите нации
“Во текот на состанокот имавме прилика да разговараме за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните случувања. Потпишавме повеќе договори и протоколи, а тоа се документи кои односите на двете земји можат да ги доведат на поголемо ниво", порача Ердоган.
Во своето излагање Ердоган исто така се осврна и на терористичките напади во Нигерија, кажувајќи дека Турција, која сама се бори со проблемот на тероризмот, во тој тежок период се солидализираше со граѓаните на Нигерија.
“По повод нападите на 31 јануари и 9 февруари уште еднаш во свое име и во името на нашиот народ сакам да упатам сочуство.Овие напади се показател дека крвавото лице на тероризмот е исто во секој дел од светот", рече Ердоган, и додаде:
“Постои нешто што нас муслиманите посебно не растажува. Кога ќе ги погледнеме Ирак, Сирија, Нигерија, Јемен, оние кои убиваат, велат ‘Алаху екбер’, тие кои се убиваат исто така велат ‘Алаху екбер’, што значи дека тероризмот нема ниту вера ниту нација”.
Ердоган истакна дека поврзувањето на терориситчките организации со одредена вера или етничка група работи во корист на тероризмот и додаде дека Турција е секогаш спремна на соработка со Нигерија кога е во прашање борбата против тероризмот.