İlkay Guder
07 Јули 2017•Ажурирај: 07 Јули 2017
БЕРЛИН (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган се состана вечерва со германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган допатува во германскиот град Хамбург во кој во наредните два дена ќе присустува на 12. Самит на лидерите на Г20, а по доаѓањето во хотел Кемпински Атлантик се состана со Меркел.
Германската канцеларка на турскиот претседател му посака добредојде во Хамбург, а потоа состанокот го продолжија зад затворени врати.
Меркел претходно веќе се состана со американскиот претседател Доналд Трамп и лидерите на неколку земји кои исто така дошле во Хамбург поради утрешниот самит.