Sinan Uslu
18 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека турскиот народ по цена на својот живот го спречил државниот удар на 15 јули, што е најдобар показател за свеста на „газа”, борбата за вера и татковина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишаната изјава на Ердоган објавена по повод 19 септември, Денот на борците, наведено е дека свеста за терминот „газа” (борба за верата и татковината) е една од најважните вредности за опстанок на народот и татковината.
„Вербата во „газа” е една од најодбраните особини на нашата цивилизација. Како што во 1071 година ни ја пружи територијата на Анадолија, таа верба е исто така и во Битката на Чанакале, но и во целата Војна за незавниснот, на целиот свет му покажа дека оваа земја и овој народ ќе постојат засекогаш”, се наведува во пораката на Ердоган.
Тој нагласи дека турскиот народ, како што вчера водеше борба на фронтовите за својата слобода, исто така и денес води борба против тероризмот кој сака да го наруши мирот во Турција.
„Народот на 15 јули по цена на својот живот го спречи државниот удар, ја сочува сопствената волја и тоа е најдобар показател колку е важна свеста за „газа” (борба за татковина и вера) . Припадниците на овој народ се борците. Оваа татковина е аманет кој ни го оставија загинатите херои и борците. И ние наследството на нашите загинати херои и борци, на најдобар начин ќе им го пренесеме на новите генерации”, се наведува во пораката на Ердоган.