Çiğdem Pala
17 Јули 2016•Ажурирај: 17 Јули 2016
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со рускиот колега Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин во таа прилика истакна дека Русија ја поддржува демократски избраната власт во Република Турција и упати порака на сочувство до Ердоган, неговото семејство и целиот турски народ по повод страдањето на луѓето во обид за изведување на државен удар.
Ердоган и Путин се согласија да одржат состанок во текот на првата недела на август.