Sinan Uslu
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на разговорот е нагласено дека е многу важно што побрзо да бидат запрени нападите на цивилите во Идлиб и Источна Гута за да преговорите во Астана и Конгресот во Сочи бидат успешни.
Од Канцеларијата на турскиот претседател соопштија дека двајцата челници разговарале и за односите меѓу Турција и Русија.
Тие исто така разговараа и за соработката на проектите на нуклеарната централа „Акују“ и плиновод „Турски тек“.
Ердоган и Путин изразија одлучност во поглед на додатното јакнење на односите на сите полиња.