Diyar Güldoğan
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, во врска со американската одлука за признавање Ерусалим како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Телефонскиот повик ќе се одржи ден откако Доналд Трамп објави дека САД го признаваат Ерусалим како главен град на Израел и дека е донесена одлука да се премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, и покрај противењето на меѓународната заедница.
Ерусалим останува во сржта на трајниот конфликт меѓу Израел и Палестина, бидејќи Палестинците се надеваат дека Источен Ерусалим, кој е окупиран од страна на Израел, ќе биде главен град на идната држава.
За време на изборите, Трамп вети дека ќе ја премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.