Cemal Coşkun
14 Декември 2018•Ажурирај: 15 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска имаа телефонски разговор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извори од Кабинетот на претседателот на Турција, двајцата претседатели покрај тоа што ја разгледале ситуацијата во Сирија, разговарале за билатералните односи и за прашањето за безбедноста и борбата против тероризмот.
За време на разговорот станало збор и за последните случувања во Сирија.
Ердоган и Трамп договорија поефикасна координација во врска со Сирија.
Претседателот на Турција на Трамп му ја пренесе загриженоста по прашањето за безбедноста поради присуството и акциите што ги спроведува терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ.